Стручно-комерцијален соработник (м/ж) - За Источна/Централна Македонија

Date:  Sep 4, 2025
Location: 

Skopje, Macedonia, 1000

Company:  Teva Pharmaceuticals
Job Id:  63817

Информации за компанијата

 

ПЛИВА е член на групацијата Тева, една од најголемите фармацевтски компании во светот. Нашата основна цел е да го подобриме квалитетот на животот и да го заштитиме здравјето со висококвалитетни и подостапни лекови. Ние континуирано го обезбедуваме здравствениот систем и пациентите со широк спектар на терапии за скоро сите терапевтски области.

Опис на работната позиција

 

Како Стручно-комерцијален соработник, ќе бидете дел од динамичен тим кој има директно влијание врз успехот на компанијата и нејзината мисија да обезбеди достапни и квалитетни лекови за пациентите. Вашата улога е да ја претставувате компанијата пред здравствените професионалци, да ја градите довербата во производите на ПЛИВА /Тева и да обезбедите релевантни информации за терапевтските решенија што ги нудиме.

Клучни одговорности:

 

  • Промоција на производи: презентирање на фармацевтските производи на компанијата пред лекари, фармацевти и други здравствени професионалци.
  • Развивање односи со клиенти: градење и одржување на долгорочни односи со клиентите.
  • Следење на пазарот: континуирано следење на трендовите во медицината и фармацијата.
  • Стручна едукација: организација и учество на стручни состаноци, конференции и едукативни настани.
  • Соработка со интерни оддели: блиска соработка со медицинскиот тим и маркетинг одделот за успешно позиционирање на производите.
  • Извештаи и анализа: редовно подготвување извештаи за резултати од продажбата, активности и состојби на пазарот.

Профил на кандидат:

 

  • Стручност во областа на фармацијата, медицината или стоматологијата.
  • Предност имаат кандидати со претходно работно искуство на иста/или слична работна позиција минимум 3 години
  • Познавање на MS Office
  • Возачка дозвола B категорија
  • Способност за професионална и убедлива комуникација со здравствени работници.
  • Стратешко размислување и организациски вештини за планирање на активности.
  • Активен и мотивиран тимски играч кој истовремено е и самостоен во извршувањето на задачите.
  • Подготвеност за работа на терен и чести средби со клиенти.

 

Можности што ги нуди позицијата:

 

  • Работа во една од водечките фармацевтски компании во светот.
  • Постојана едукација и професионален развој преку обуки и конференции.
  • Можност за градење кариера во интернационална корпорација со високи стандарди.
  • Можности за наградување врз основа на резултатите.

Веќе работите @TEVA?

 

Ако сте вработен во Тева, ве молиме аплицирајте користејќи ја интерната страница за кариера што е достапна на „ Employee Central “. Со тоа, вашата апликација ќе се третира со приоритет. Исто така, ќе можете да ги видите можностите што се отворени исклучиво за вработените во Тева. Користете ја следнава врска за пребарување и апликација:  Internal Career Site

Интерната страница за кариера е достапна и од вашата домашна мрежа. Ако имате проблем да пристапите до вашиот профил на ЕС, контактирајте го вашиот локален колега за човечки ресурси / ИТ партнер.

Обврска за еднаква можност за вработување на Тева

 

Teva Pharmaceuticals се залага за еднакви можности при вработувањето. Глобална политика на Тева е да се обезбедат еднакви можности за вработување без оглед на возраста, расата, верата, бојата, религијата, полот, попреченоста, бременоста, здравствената состојба, сексуалната ориентација, родовиот идентитет или изразување, потеклото, статусот на ветеран, националното или етничкото потекло или било кој друг законски признат статус кој има право на заштита според важечките закони.